Почна фестивалот „Слободна зона“ во Виница

Од:

Со изложбата на инсталации „Праг на толеранција“ на авторите Маја Кировска, Марија Сотировска, Ивана Пирковска и Тони Димитров, во Галеријата „Венеција“ во Виница синоќа почна петтото издание на фестивалот „Слободна зона“.

Во Галеријата „Теракопта“ се одржа проекција на филмот „Саша и Марија“ во режија на Атанас Ѓорѓиев и концерт на Рита Брага.

– Фестивалот годинава донесе нови содржини и млади творци, што предизвика голем интерес кај посетителите. Годинава го ставивме мотото „Остави трага!“ бидејќи сите учесници на фетсивалот оставаат траги на свој начин, истакна Ивана Атанасовска, координатор на прокетот и претседател на здружението ОЗТ Фабрика, организатор на фестивалот.

Во Градскиот парк денеска ќе биде отворена работилница со наслов „Бизарни штандови“, изложба на Владимир Лукаш „Осамениот космонаут и други ѕидни приказни“, а вечер ќе се одржи музички хепенинг со настап на повеќе македонски рок состави.

Фествалот завршува утре со поетскиот перформанс „Слободна поезија“ и театарската претстава „Лузни“ во режија на Драгана Стојчевска. Петтиот фестивал „Слободна зона“ финансиски го помогнаа Министерството за култура и општина Виница.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска