Индонезија и Австралија постигнаа договор за чесно однесување

Од:

По повеќемесечни преговори за нормализација на односите, нарушени по аферата со прислушкувањето на комуникациите на индонезискиот претседател од страна на австралиското разузнавање, во луксузниот хотелски комплекс на Бали, министрите за надворешни работи на Индонезија и Австралија го потпишаа договорот за чесно однесување, кој вклучува и прекин на сите разузнавачки и контраразузнавачки активности меѓу двете земји.

Шефот на индонезиската дипломатија Марти Наталегава по потпишувањето на договорот изјави дека се создадени услови за враќање на односите на двете големи државиво нормални текови. Австралиската министерка Џули Бишоп истакна дека договорот овозможува службите за разузнавање на двете држави да соработуваат на сите полиња, а особено на откривањето на се пореалните терористички закани од страна на радикални групи.

Индонезија и Австралија се до 2.006 година имаа мошне затегнати политички односи. Индонезија постојано беше на „црна листа’’ на австралијанските медиуми, а освен на Бали, Австралијанците не беа добредојдени во Индонезија. Во 2.006 година односите се нормализираа, но по откривањето на аферата за прислушкување на индонезискиот претседател, неговото семејство и повеќе министри од страна на австралијанското разузнавање, Џакарта го повлече својот амбасадор од Камбера.

Неколку пати веќе закажаните билатерални средби на највисоко ниво беа ненадејно одлагани, а во мај годинава започнаа иналните преговори за постигнување договор, кој од сега е ефективен.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Индонезија: Најмалку 19 загинати во лизгање на земјиште

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт