Руските акции во Украина се неприфатливи, неодговорни и апсолутно непромиселни и ќе ја зајакнат одлучноста на лидерите на замјите членки на НАТО да преземат мерки на претстојниот самит, соопшти официјална Отава.
Канадскиот министер за надворешни работи Џон Берд акциите на Москва во Украина го оцени како вистинска инвазија, иако руското министерство за одбрана ги отфрли тврдењата дека руски воени единици се активни во Украина.
– Кога тоа се случува на недела пред Самитот на НАТО во Велс, тоа е значителна провокација и е целосно неприфатлива. Тоа ќе ја зајакне одлучноста на сите НАТО лидери на состанокот, изјави Берд.
Берд нагласи дека Канада стои зад своите сојузници за воведување нови санкции против Русија, без да објави повеќе детали.