Изложба на дела од 9. Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2014“

Од:

Музејот на Град Скопје и Град Скопје вечер  организираат изложба на делата создадени на деветтата Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2014“, која се одржува од 20-ти до 30 август во хотелот „Солун“ во центарот на главниот град.

На завршната вечер на колонијата ќе бидат претставени делата кои годинашните учесници ги создале во изминатите десет дена,  инспирирани од културно-историските знаменитости на Скопје.

Оваа година ликовни дела  на колонијата оставија академски ликовни уметници, припадници на различни генерации, кои живеат и творат во различни средини: Татјана Манева, Валбона Атанасковска, Дејан  Иванов, Гоце Илиевски и Коста  Клифов од Македонија, како и Роман Кисјов од Бугарија, Зоран Илиќ од Србија, Ѓулај  Инче од Турција,  Клаудија Шефлер од Германија и Александар Вукотиќ од Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски