Овој конфликт меѓу Израел и Хамас не е последниот, изјави лидерот на палестинското исламистичко движење, Халед Мешаал.
– Ова не е крајот. Ова е само остар камен на патот до постигнување на нашата цел. Ние знаеме дека Израел е силен и поддржан од меѓународната заедница. Нема да се откажеме од нашите желби и нема да правиме компромис со нашите барања, истакна Мешаал на прес-конференција во Доха.
Лидерот на Хамас живее во егзил во катарскиот главен град.