Можен е рефередум во Србија „ Европа или Косово“?

Од:

„Државната платформа на Србија за политиката кон Косово ќе биде формулирана на крајот на септември, веднаш по седницата на Генералното собрание на ОН“, објави белградскиот весник „Вечерње новости“.

Српскиот државен врв е целосно свесен дека политиката – и Косово и ЕУ – практично удри во ѕидот по германското барање Србија да воспостави добрососедски односи со Косово.

Ако Брисел инсистира на признавање, граѓаните ќе одлучат. Не е исклучено во земјата да се распише референдум со прашањето – Косово или Европа, потврдено е во Владата и Претседателството, пишува „Вечерње новости“.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ нема да се ракува со косовскиот премиер Хашим Тачи на седницата на Генералното собрание на ОН, пишува „Данас“.

„Нема шанси да се случи такво нешто“, изјавиле извори од српското претседателство.

Тие истакнуваат дека Николиќ бил јасен  дека за него ракувањето со косовскиот премиер е „неприфатливо“.

Се очекува, веднаш по заседавањето на Генералното собрание  на ОН, претседателот на Србија, Томислав Николиќ, да ги собере претставниците на власта, опозицијата и водечките државни институции за да се усогласи заедничка политика кон големите предизвици што ја чекаат државата. Опозицијата очекува да добие повик од Николиќ:

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски