САД проверуваат дали уште едне Американец е убиен во Сирија

Од:

САД проверуват дали втор Американец е убиен во Сирија, војувајќи на страната на „Исламска држава“. 

Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки изјави дека нема независна потврда на информацијата за убиството на втор државјанин на САД во Сирија, кој војувал на страната на џихадистите.

Вашингтон досега ја потврди смртта само на еден Американец, Даглас Макартер Мекејн.

Телевизијата Ен-Би-Си претходно цитираше анонимен член на Слободната сириска армија, бунтовничка групација, која војува со силите на претседателот Башар ал Асад, според кој двајца Американци се убиени минатата недела во судири со Фронтот ал Нусра.

Вториот Американец, според истиот извор, бил убиен во истиот судир, како и Мекејн. Тие биле дел од група од тројца странски џихадисти во редовите на „Исламска држава“.

Според Стејт департментот околу 12 илјади странски џихадисти од 50 држави пристигнале во Сирија од почетокот на конфликтот, а меѓу нив има и мал број Американци.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија