Почнува Џез викендот во Прилеп

Од:

Во Прилеп вечер почнува 3. Џез фестивал. Ќе го отвори бендот „Акустико“ од Италија, Лука Аквино на труба и Кармине Јоана на хармоника. Гостува и бугарскиот состав FlyWe2The Moon предводен од трубачот Росен Захариев.

Според Снежана Ристеска од Одделението за култура при локалната самоуправа која е организатор на манифестацијата, Џез викендот ќе го презентира музичкото творештво од светски џез размери со основна идеја за поинаков, урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските вредности и културни содржини.

Утревечер настапуваат „Сархан“ чии членови, од Словенија, Индија и Хрватска, негуваат посебен фјужн на индиска традиционална музика и џез рок, а публиката ќе може да ги слушне и „Нејкед“ од Србија.

jazzfest_prilep

Третата, последна вечер, во сабота, е резервирана за  Рамбо Амадеус, еден од најоригиналните  автори и изведувачи на Балканот, и виртуозите Игор Малешевиќ на тапани и Мирослав Товирац на бас. Пред нив настапуваат нашите „Некст ту сајленс“.

Меѓу ѕвездите се и популарните „Дисциплина кичме“ со легендарниот Душан Којиќ – Која, кои ќе го затворат фестивалот.

Настапите секоја вечер се од 20 часот на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“, а влезот е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски