Во Уругвај од вчера почна регистрација на граѓаните кои сакаат да добијат право легално да одгледуваат ограничени количества марихуана.
Уругвајските власти почнаа со етапно легализирање на оваа дрога.
Регистрираните лица ќе можат да одгледуваат марихуана само за лична употреба и ќе може да имаат не повеќе од шест „женски“ стебла, а произведената марихуана на годишно ниво не смее да биде над 480 грама.
Кандидатите треба да бидат на 18 години и да се граѓани на Уругвај.
Оваа јужноамериканска држава е првата земја во светот што прави напори за легализирање на одгледувањето на марихуана.