Меркел: Путин да објасни за извештаите за нови упади на руска војска во Украина

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска во телефонски разговор му рекла на рускиот претседател Владимир Путин дека извештаите за нови упади на руска војска на територијата на Украина мора да бидат разјаснети, изјави нејзиниот портпарол Штефан Зајберт.

– Најновите извештаи за присуство на руски војници на украинска територија мора да бидат објаснети.

Таа истакна дека Русија има голема одговорност да ја смири ситуацијата и да ги надгледува своите граници, наведе Зајберт.

Киев денеска ја обвини Русија дека „повторно ја пробила источната граница на Украина“, но Москва демантира дека испраќа оружје за војници на проруските сили во источна Украина кои се во судир со украинските сили.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“