Мајка од Приштина си го бара 8-годишното дете кое е во војната во Сирија

Од:

Вклученоста на Косовците во војната во Сирија добива загиржувачки размери, констатира приштинскиот портал Коха.нет, при тоа пренесувајќи ја потресната приказна на Пранвера Абази (30) од Приштина чие осумгодишно дете,Ерион, од прегратките и го отргнал сопругот Арбен,кој пред два месеца заминал за Сирија.

На фотографијата која ја пренесува порталот, малиот Едион е во друштво со борците на ИДИЛ.

Мајката со сета своја сила бара да единственото чедо што го има да и го врати дома.

– Ерион кој треба оваа учебна година да виде третодделенец е во Сирија. Него со себе го одвел родениот татко, кој заминал да се бори за ИДИЛ. Мајката е во шок, пренесува порталот.

Таа низ солзи разкажува дека сопругот ја измамил велејќи и дека со детето ќе одат на неколку дена во Ругово. Недела дена потоа тој и пуштил порака дека се во Сирија.

-Никогаш не можев да си помислам дека со себе ќе го земе и детето.За него знаев зашто покажуваше знаци за тоа со неговото однесување. Со Ерин само еднаш сме се чуле на телефон, вели мајката.

Како Ерион има уште многу косовски деца во Сирија, кои таму се заминати со семејствата. Медиумите недомана јавија дека има и повеќе од 40 деца од Албанија. Оние на возраст од 12-13 години се дел од борбената линија. Во меѓувреме, уште еден косовец загина на тамошните боишта. Станува збор за Миѓен Халил Латифи (25) од селото Клодернице кај Скендерај(Србица), со што официјалната бројка на убиени Косовци се искачи на 38.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее