Шпигел: Германските борбени авиони не може да летаат бидејќи нема резервни делови за нив

Од:

Борбените авиони на германското воено воздухопловство,не може да летаат поради недостиг на резерви делови,пишува неделникот „Шпигел“.

Весникот тврди дека механичарите многу често се приморани да позајмуваат резервни делови,за да ги осопособуваат авионите што треба да го чуваат воздушниот простор на Германија.

Овој неделник пишува дека проблемот е уште поголем,бидејќи „најголемиот дел од германските борбени авиони,не се оперативно оспособени“.

Причината за ваквата ситуација е долгогодишното намалување на воениот буџет,а сега и кусокот средства за военото воздухопловство,па само осум од 109 авиони-ловци од типот „Еурофајтер“ се целосно подготвени за да се вклучат во некоја воена мисија.

Германски воени експерти го отфрлија тврдењето на „Шпигел“ означувајќи го како „новинарско ѓубре“ но тие прифаќаат дека военото воздухопловство на Германија не е доволно моќно,како што тоа се смета.

Ова признание ги загрижува воените стратези во НАТО и сојузничките земји,затоа што откритието на весникот доаѓа во време на „растечка меѓународна нестабилност“.

Неделникот и покрај критиките на негова сметка,инсистира дека Германија, која има четврто најголемо воено воздухопловство во Европа,не е ниту приближно доволно моќно, како што тоа се прикажува во службените податоци.

Владата во Берлин им вети на земјите од Балтикот,како и на сојузниците во НАТО дека ќе испрати шест свои борбени авиони за да патролираат над балтичкиот регион,како одговор на „најновата руска закана“, но доживеа да биде осрамотена кај партнерите затоа што се уште не може да го исполни ветувањето,поради кусокот на оперативно способни авиони.

Според „Шпигел“ само седум од вкупно 63 „Чинук“ хеликоптери на германското воено воздухопловство се способни да летаат,вклучувајќи ги оние стационирани во Авганистан,додека од 56 авиони „Херкулес“ може да се користат само 21 од овие транспортни авиони. Германското Министерство за одбрана (Бундесверот) одби да го коментира пишувањето на угледниот неделник.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани