Повторно украдени регистарски таблички во Грција

Од:

Нови два случаја на украдени регистарски таблички  од возила на македонски државјани во Грција биле пријавени вчера,  соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Едниот е пријавен на граничниот премин „Богородица“. Д.П. од Кавадарци, сопственик на  возило „сеат кордоба“, пријавил дека вчера, 26 август, во Грција му биле украдени комплет регистарските таблички од возилото, а случајот не бил пријавен во грчката полиција.

МВР наведува дека случај на украдени регистарски таблички е пријавен и на граничниот премин „Меџитлија“ од лицето Ј.П од Струга, сопственик на возило „ситроен Ц5”  од кое биле украдени табличките. Ј.П пријавил дека вчера во Пефкохори, Грција, од неговото возило биле украдени комплет регистарските таблички. Случајот го пријавил во грчката полиција.

– Со овие два нови случаја, вкупниот број на украдени регистарски таблички за оваа година достигна единаесет. Досега се регистрирани и пет оштетувања  на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат  македоските туристи во Грција, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари