УНИЦЕФ со проект за поголемо вклучување на децата со попреченост во образованието

Од:

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје спроведува тридневни обуки за поголемо вклучување на децата со посебни потреби во образованието.

Со обуките се опфатени седум училишта, а предавач е меѓународниот експерт за инклузивно образование Џудит Холенвегер, која работи и како професор на Универзитетот во Цирих.

Целта е да се спроведе социјалниот модел кој подразбира прилагодување на општеството кон оваа категорија на луѓе, а не нивно прилагодување кон заедницата.

Според Холенвегер, децата со попреченост ги имаат истите права како и останатите, а она на што се посветува внимание на обуките е како да се вреднуваат различностите кај децата.

Од УНИЦЕФ напоменуваат дека целиот процес се спроведува со цел да му се даде поддршка на наставникот кој работи со вакви деца, како да се промени начинот на настава, како и да има на кого да му се обрати доколку има потреба од тоа. Нагласуваат дека за поголема инклузивност на децата со попреченост потребна е тимска работа од сите инволвирани страни.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел