Завршија годинашните подводни истражувања на локалитетот „Врбник“ кај Струга

Од:

На подводниот археолошки локалитет „Врбник“ кај Струга деновиве завршија истражувањата, чија цел беше да се направи контролно сондажно истражување за да се добие покомплетна слика за стратиграфијата и хронологијата на локалитетот.

Како што соопшти денеска Министерството за култура, во слојот кој и припаѓа на железновременската палафитна населба е потврдено богатството со наоди, повеќе фрагменти од садови, железен врв од копје и друго.

Истражувањата, како што информираат од Министерството, ќе продолжат и наредната  година со цел да се добијат повеќе информации за животот на оваа населба во праисторискиот период.

Со досегашните археолошки активности на овој локалитет констатирана е палафитна населба на поголема површина од околу 100м х 50 м, со над 500 колци, богат движен археолошки материјал со поголем број метални предмети, керамички садови, како и голем број керамички фрагменти од садови, што говори за интензивен живот во оваа населба во железното време. Резултатите од истражувањата, Музејот од Струга јавно ќе ги презентира во септември при што ќе биде промовиран уште еден досега непознат подводен локалитет со идентификувани повеќе пловни објекти од Првата светска војна.

Овогодинешните истражувања на подводниот археолошки локалитет „Врбник“ се реализирани со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ од Струга.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“