Во многу култури, родителите повеќе се радуваат на синовите отколку на ќерките, но новото американско истражување покажува дека ќерките се поповрзани со родителите и повеќе се грижат за нив.
– Ќерките двојно повеќе ги згрижиле остарените родители, отколку синовите, покажуваат резултатите од истражувањето на Американското социолошко здружение.
Со истражувањето биле обработени податоци од над 26.000 лица, при што е утврдено дека ќерките просечно 12,3 часови месечно се грижеле за своите остарени родители, додека синовите само 5,6 часови.
– Исто така е утврдено дека синовите помалку се грижат за родителите кога имаат сестра или сопруга, покажува истражувањето.