Германската Влада бара психолози за новите стратегии

Од:

Германската Влада распишала конкурс за психолози и социолози за новата владина стратегија на „ефикасно владеење“, објавија германските медиуми, нагласувајќи дека тројцата луѓе треба да имаат познавање од областа на психологијата, социологијата, антропологијата и економијата.

– Можат да ве смират, а во просториите на Владата нема да биде поставен „кауч“, изјавил заменик портпаролот на германската Влада Георг Штрајтер.

Според Штрајтер, со коалицискиот договор меѓу демохристијаните и социјалдемократите предвидена е најавената проектна група во штабот за политичко планирање.

– Ние сакаме прецизноста на целите и ефикасноста на политичките намери и планови да ги унапредиме и зголемиме, така што политичките планови ќе ги развиваме посилно, гледано од агол на граѓаните и со нивно учество, се наведува во коалицискиот договор, насловен како „Ефикасно и далекусежно владеење“.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани