Во Богданци меѓународна графичка работилница „Софија“

Од:

Во Богданци денеска почна со работа седмата меѓународна графичка работилница „Софија“ на која учествуваат 18 уметници-графичари од државните ликовни академии во Скопје, Белград, Нови Сад, Сараево, Љубљана, Загреб и Софија.

Собирот на графичари има цел на младите и талентирани автори да им овозможи размена на искуства и услови за реализација на нивните дела  бидејќи графиката како специфична техника е помалку застапена во целиот регион.

Ментор на годинашнава работилница, која ќе трае до 2-ри септември, е Аница Радошевиќ, редовен професор на Академијата за уметности во Нови Сад. Завршната изложба на создадените дела ќе се одржи на 2-ри септември веднаш по затворањето на графичката работилница во Богданци.

Во рамки на манифестацијата „Богданско културно лето“ графичката работилница „Софија“ прв пат се одржа во 2008-ма година и досега во неа учествувале над 100 млади графичари од целиот регион под менторство на истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија и Хрватска. 

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска