Без струја утре повеќе скопски општини

Од:

По известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, пак, РЦУК – Скопје информира дека, утре во периодот од 8 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од Радишански Пат – Радишани ( општина Бутел), од 8.30 до 17 часот, корисниците од селата Долно, Средно и Горно Коњари, Мобимак – Коњари, Чифлик, Сушица, Дивље, Живиње и објектот на АЛЕМ ( општина Петровец ).

Во периодот од 9 до 10 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Свети Кирил и Методиј бр.6 – влез 3. (општина Центар), од 9 до 12 часот, објектите во резерватот Јасен, од 9 до 15 часот, дел од корисниците од ул. Шарпланинска, корисниците од улиците Моцартова и Тиранска (општина Ѓорче Петров), корисниците од улиците Диме Мечето и Волт Дизни (општина Шуто Оризари), како и корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 од село Грчец. (општина Сарај).

Во периодот од 9 до 16 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улиците Петар Поп Арсов, Диме Аницин, Борка Талевски, како и дел од корисниците од ул. 29 Ноември во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја