Алекс Салмонд: Британските конзервативци ја осиромашуваат иднината на младите Шкотланѓани

Од:

Првиот министер на Шкотска и лидер на сепаратистичката, шкотска национална партија (СНП) Алекс Салмонд изјави дека политиката на британските конзервативци придонесува за осиромашување на иднината на младите Шкотланѓани.

Салмонд кој го предводи сепаратистичкиот блок во кампањата за отцепување на Шкотска од Велика Британија, тврди дека социјалната програма што ја наметнува актуелната британска Влада, во која конзервативците имаат мнозинство и за која тој верува дека може да победат и на следните избори, не гарантира ништо добро за Шкотланѓаните, сугерирајќи им дека нивниот живот ќе биде подобар,доколу земјата биде сама и независна.

Во втората јавна дебата за шкотската независност, пред референдумот од 18 септември, Салмонд го обвини раководителот на кампањата „Заедно е подобро“ Алистер Дарлинг дека водејки кампања против шкотската независност, се ставил во функција на ториевската политика.

Дарлинг е Шкотланѓанец и неговата изборна едниница е во Шкотска. Тој е лабурист и поранешен министер за финансии во владата на Гордон Браун, што Салмонд кој е левичар, по своето идеолошко уверување, го користеше во дебатата во обидот да предизвика расцеп во кампањата против независноста, во која заедно се ториевците и лабуристите,бранејќи ја целовитоста на Велика Британија.

Ова не е прв пат, Салмонд да ги плаши гласачите во Шкотска со конзервативците кои имаат само еден свој пратеник во тој дел од земјата.

Тој претходно тврдеше дека конзервативците и премиерот Дејвид Камерон, со својата европска политика,само ја „уништуваат земјата и им наштетуваат на шкотските интереси“, нудејки им на Шкотланѓаните останување во ЕУ, во време кога ториевците се подготвуваат за референдум по кој ќе ја напуштат Унијата.

Дарлинг, како лабуристички пратеник, изјави во дебатата во Глазгов дека тој не се согласува со социјалната политика на владата, но ги предупреди шкотските гласачи, а посебно постарите, дека во заедничката држава фондовите за нивните социјални потреби ќе бидат многу поголеми, отколку во отцепена Шкотска.

Испитувањето што е направено по втората дебата покажува дека, овој пат, победил Алекс Салмонд кој беше многу поуверлив во одбраната на своите ставови. Дури 71 отсто од анкетираните му дале предност на Салмонд, додека Алистер Дарлинг, кој победи во првата дебата, сега доби само 29 отсто.

Во втората дебата се расправаше за приходите од нафтата и гасот,што се црпат од Северно Море, за валутата на евентуално независна Шкотска, за што Салмонд уште еднаш покажа дека нема резервен план, доколку Лондон не прифати монетрана унија со „новата држава“ како и за иднината на британското нуклеарно оружје, што сега е стационирано на територијата на Шкотска.

Последните мерења за расположението пред референдумот, покажува дека мнозинството гласачи и понатаму повеќе е наклонето против отцепувањето.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on