Постигнат договор со затворениците во Бразил, кои кренаа бунт

Од:

Бразилската полиција соопшти дека е ставен крај на бунтот во затвор во јужниот град Каскавела, откако е постигнат договор со затворениците, кои го кренаа бунтот.

Немирите избија во неделата изутрината, откако затворениците за време на појадокот ги заробија чуварите. Затворениците убија и четворица затвореници, на двајца им ги отсекоа главите, а двајца беа фрлени од ѕидините на затворот.

Според договорот, кој е постигнат по повеќечасовните преговори, повеќето затвореници ќе бидат префрлени во други затвори во државата Парана.

Затворениците ветија дека ќе ги ослободат двајцата чувари, кои ги држеле како заложници од почетокот на бунтот.

Портпаролот на Министерството за правда на државата Парана изјави дека околу половина од затворските објекти се уништени. Тој изјави дека околу 800 затвореници, односно околу 80 отсто од нив учествувале во бунтот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск