Виктор Јанукович се наоѓа во Бугарија, тврди руски политичар

Од:

Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и неговото опкружување се наоѓаат во Бугарија, тврди Олег Митвол, лидер на руската вонпарламентарна партија „Алијанса на зелените – Народна партија“, соопшти радио „Руска служба за вести“.

Митвол за радиото раскажал дека во летувалиште во Бугарија ги сретнал блиските соработници на Јанукович – поранешниот претседател на украинскиот Врховен суд и поранешниот министер за трговија, пренесува бугарската агенција БТА.

Според него, тие побарале дозвола за престој „во една славјанска земја, каде престојуваат Русите“, и додаде дека „пред извесно време тие сакале да станат Бугари“.

– Не гледам основаност Јанукович да е во Москва. Тој најверојатно се наоѓа на југ, на многу попријатни места, изјави рускиот политичар.

Во февруари во Украина дојде до смена на власта, Врховната рада го отстрани претседателот Виктор Јанукович и го промени уставот. Јанукович ја напушти земјата без да соопшти каде се наоѓа, но во јужниот руски град Ростов на Дон одржа две прес конференции, посочува радиото на својот сајт.

Новите власти во Киев во март соопштија дека трагаат по соборениот претседател, обвинет за перење пари, посегнување врз територијалната целост на Украина и за убиството на луѓе, кои загинаа во февруари во протестите на плоштадот Мајдан во Киев.

Интерпол, меѓутоа, не најде основаност поранешниот украински лидер да биде баран по меѓународна потерница.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина