ФОТО: Прв пат од 1969 година, Општина Центар ги реконструира фискултурната сала и аулата во „Ј.Х. Песталоци“

Од:

Пред почетокот на новата учебна година, општина Центар врши реконструкција во фискултурната сала и аулата во училиштето „Ј.Х. Песталоци“ и реконструкција на салата во училиштето „Коле Неделковски“.

pestaloci 7

Во училиштето  „Ј.Х. Песталоци“ се врши реконструкција на подот на фискултурната сала, комплетно се менува подлогата и се поставува нов висококвалитетен дабов паркет на површина од 300 метри квадратни. Истовремено, се санира подот во аулата со површина од 250 метри квадратни.

pestaloci 2

-Дека се работи за сериозна интервенција, зборува фактот што  на аулата и на салата не е интервенирано од 1969 година, кога е изградено училиштето. За ова училиште, донација на швајцарската влада по земјотресот во Скопје, општината е особено внимателна да се задржи автентичноста и изгледот на објектот, велат од Центар.

k nedelkovski 2

Од таму информираат дека истовремено, во училиштето  „Коле Неделковски“ се прави комплетна реконструкција на подот на фискултурната сала, со нова подлога и нов дабов паркет, кој гарантира долготрајност , функционалност и квалитет. Сега, подовите се направени по сите светски стандарди за подови во фискултурни сали.

k nedelkovski 1

Сите активности кои ги спроведува општина Центар пред почетокот на годината, се финансирани од општинскиот буџет. На учениците треба да им се овозможат неопходни услови за да можат да ги дадат резултатите кои од нив ги очекуваме, и да помогнеме во формирање на нивните здрави навики во училиштата кои треба да бидат нивниот втор дом, информираат од општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар