Целосно е завршена обновата на фасадата и фрескоживописот во цркавата „Св.Атанасиј“, Кочанско, информира Црковниот одбор од населбата Оризари.
Финансиските средства за оваа намена се обезедени од локалното население и преку донации од иселениците во странство.
– Црквата е градена во средината на 19 век, во 1846 година и фрескоживописана во одделни делови од внатрешноста од страна на иконописецот Исаија Џиков во 1875 година. Со собраните средства кои достигнаа околу 500 илади денари се насликаа нови фрески по ѕидовите, а се обнови и просторијата наменета за крштилница, истакна Кирил Димитриев од Одборот за обнова на црквата.
Свеченото преосветување на храмот „Св.Атанансиј“ го изврши митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение со свештенослужители од Кочанско – архиерејското намесништво.