Првиот министер на Шкотска Алекс Салмонд и раководителот на кампњата „Заедно е подобро“ Алистер Дарлинг се среќаваат денеска во Глазгов, во вториот телевизиски дуел за шкотската независност.
Салмонд кој со својата сепаратистичка, Шкотска национална партија (СНП) агитира за отцепувањето на Шкотска од Велика Британија и Дарлинг, кој е Шкотланѓанец и поранешен британски министер за финансии ќе дебатираат околу економијата, шкотските внатрешни сосотојби и земјата и светот доколку таа стане целосно нзависна држава за јавното здравство и за резервите на гас во Северно Море.
Првата ТВ дебата се одржа на 5 август и на неа според анализите на домашните набљудувачи убедливо победи Дарлинг кој успеа да покаже дека Салмонд кој тврди дека фунтата и во „независна“ Шкотска ќе остане нејзина национална валута нема резервен план за тоа што ќе се случи со земјата и со нејзината економија, доколку земјата не стапи во монетрана унија со остатокот од Велика Британија.
Прашањето на валутата на евентуално независна Шкотска стана централното прашање во финишот на кампањата за независност. Салмонд и шкотските сепаратисти ги уверуваат гласачите дека „фунтата е и шкотска валута“ но не успеаваат да ги убедат дека Лондон ќе прифати монетарна унија со Единбург, доколку мнозинството гласачи во Шкотска се определат за отцепувањето.
Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн кој прв соопшти дека нема да има унија за парите со „независна“ Шкотска, инсистира дека остатокот на Велика Британија нема никаков интерес финансиски да ја покрива и да одржува во кондиција земјата која одлучила да ја напушти заедничката држава. Од Лондон порачуваат дека монетраната унија во „новите услови“ нема да биде ниту лесна и едноставна операција.
Лидерите на трите главни британски партии, застапани во Парламентот-Дејвид Камерон, Ед Милибанд и Ник Клег со заедничка декларација ја отфрлија можноста Британија да се здржува со штотуку отцепената земја,во монетарна унија,делејќи една иста влаута.
Во првиот ТВ дуел пред 20 денови, Дарлинг успеа да покаже дека Салмонд и сепаратистите сакаат да имаат независна држава врз основа на патриотизмот, но дека немаат определено прецизни и економски аргументи за тоа како таа држава ќе опстојува и посебно дали на нејзините жители ќе им биде подобро, отколку сега, кога се дел од Обединетото Кралство.
Референдумот за независност ќе се одржи на 18 септември. Последните испитувања на јавното мислење покажуват дека и натаму повеќето Шкоталнаѓани се против отцепувањето. Две третини од гласачите повеќе сакаат зголемени овластувања за Парламентот во Единбург отколку целосно независна држава.