Опозицискиот лидер Раул Хаџимба победи во првиот круг од претседателските избори во Абхазија, покажуваат првичните податоци на Централната изборна комисија по обработените 100 проценти од гласачките ливчиња, соопшти ИТАР-ТАСС.
Хаџимба води со 50,57 проценти од гласовите, пред неговиот главен соперник Аслан Бжанија кој освои 35,91 проценти. Трет е Мираб Кишмарија со 6,4 проценти, а четврти остана Леонид Ѓапшба со 3,4 проценти.
Претходно штабовите на поразените кандидати соопштија дека на изборите биле дозволени прекршувања на процедурите, но „не и такви што ќе дадеа можност за оспорување на резултатите“.