(ФОТО) АКТО: Акупнкултура – ќе боцкаме секаде каде што е потребно

Од:

Со дебатата на тема „Дали Балканот може современо“, попладнево, во Битола заврши годинашново издание на фестивалот АКТО, кој според својата интензивна определеност кон актуелни – не само културни и уметнички туку и политички проблеми, веројатно e единствениот во земјава.

Тој претстави неколку уметнички проекти од Македонија и од Хрватска, но направи пресек на она што е најактуелно во политичката и во уметничката мисла.

image

– Дури и да се лоцираме на маргините на политичките и уметничките идеи потребна ни е да сме во современоста, но треба да утврдиме дали сме навистина на маргините, рече проф. Катерина Колозова.

Говорејќи за терминот балканизација, таа рече дека тој термин мора да се еманципира и и не одрекувајќи се нужно од него да се отвориме кон интернационализација на одредени политички прашања.

– Балканот треба да ја врати довербата во себе, зашто Балканот не е тоалетот на светот, туку совеста на Европа, рече проф. Маја Мухиќ.

image

Кураторката Ивана Васева рече дека е сосема погрешен пристап да се промовира културата преку проектот Скопје 2014.

-Само ако одговориме на најактуелните политички и општествени прашања, може да бидеме современи, рече Васева.

– Ние на Балканот отстапивме од образованието, тоа е основниот проблем на балканските држави. Декларативно сите се грижат за се’, а всушност – никому не му е грижа за ништо, така се однесуваат и уметниците, рече Иван Шкврце, уметник од Хрватска.

akto

Една од најинтересните дискусии од серијата „Возможно/ невозможно – дијалектика помеѓу политичкиот активизам и уметноста, концепт на кој автор е Арта Садику, беше онаа за можните нови начини на активистичко и уметничко делување, на која учестуваа Васко Лазаревски, Рамадан Рамадани, Мариглен Демири, Дејан Лутовски, Ана Василева, Никола Гелевски, Филип Јовановски, Артан Садику, Здравко Савевски и други, каде учесниците ги вкрстија ставовите за начините на активистичко делување во македонскиот контекст каде се постави прашањето колку елитите и интелектуални и уметнички можат навистина да покренат нови начини на отпор против неслободата што владее во земјата.

Учесниците во оваа дебата искажаа спротивставени размислувања за тоа кому треба да се адресираат акциите.

image

– Често се заборава прашањето на лебот кое го засега најголемиот дел од населението и тука чест се вртиме во круг и интелектуализираме, а така не можеме да ги адресираме прашањата да ги понудиме одговорите, треба да изнајдеме мнимум заеднички барања, често пати кај тие протестни движења фали момент на конкретизација, рече Дејан Лутовски, активист.

– Активистот мора да има многу попрецизни идеи, ова е премногу општо, мора да има идеи како да се променат работите, треба да се третираат конкретни проблеми на 100 или на 1000 луѓе, а не проблемите на целата држава од 2 милиони луѓе, рече Никола Гелевски.

Ана Василева говореше за потребата од феминизација на општеството бидејќи дискриминацијата е присутна во сите негови слоеви.

image

– Организациите се немоќни, а за да влезеш во институциите од каде може реално да се менуваат работите потребна е партиска книшка, досегашните обиди на дале доволно плод, а не верувам на вонсистемско делување затоа што сме премногу индроктринирани од системот. Мислам дека е потребна партиска мобилизација, рече Василева.

– Ние, Македонија сме несвесен и заборавен центар, страдаме од елементарна поделеност.

Потребна ни е нова форма што ја нареков акупункултура, слично како во таа медицинска вештина потребно е а се боцнат игли на уметнички активизам насекаде низ Македонија, но и во методот на култрен активизам потребно е да се знаат точките и меридијаните каде треба да се боцне, рече Рамадани.

image

Васко Лазаревски ја потенцираше потребата од стратегија во сферата на активистичкото делување која носи конкретни резултати.

Фестивалот АКТО низ својата годинашна програма успеа да собере импозантен број на свежи и нови идеи за уметничкиот активизам и воопшто за начините на активистичко делување во македонскиот контекст кои имаат потенцијал за конкретни резултати.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска