Откриени три случаи на незаконска сеча во Тетовско, еден во притвор

Од:

Министерството за внатрешни работи вчера во три одвоени случаи откри повеќе локации на територијата од СВР Тетово каде што се извршувала незаконска сеча на огревно дрво.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Тетово, на три различни локации во атарот на тетовското село Мерово пронашле вкупно 42 метри кубни огревно дрво. Пронајденото огревно дрво било оставено во месноста „Јабланица“ и покрај селскиот пат во Мерово.

Покрај тоа, откриена е и локација од околу 10 хектари, на која засега непознати сторители извршиле бесправна сеча на дрвја.

Исто така, на 23.08. пред куќата во сопственост на И.Б.(41) од с.Желино, пронајдени се 76 метри кубни дабови и 15 метри кубни букови дрва, а во дворот на истата куќа уште 70 метри дабови и 30 метри букови дрва, за кои не ја поседувал потребната документација и кои немале соодветен жиг.

По наредба на јавен обвинител, на лицето И.Б. му е одредена мерка притвор, а пронајдените дрва ќе бидат предадени на Јавното претпријатие „Лешница“.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он