Ноќеска во 01.20 часот, во Прилеп на улицата „Кеј 1-ви Мај“, се случила сообраќајна незгода во која Бојан Ч.(22) од Прилеп, управувајќи моторцикл „хонда“ со штипски регистарски ознаки удрил во банкина и паднал од моторот, при што се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.