Закана за Грција од затворање на границите

Од:

Се стега обрачот и притисокот околу Грција. Европа сака да ги убеди политичарите и народот, дека не може да се однесува како да не е дел од ЕУ, и да исполнува само тоа што сака, а не и договорот кој го презема за излегување од должничката криза. Последната закана ја пренесува виенски „Стандард“.

„Доколку Грција, по кризата со еврото, западне во вондредна состојба Европската унија би можела повторно да воведе гранични контроли, пишува „Стандард“.

„Во ЕУ на највисоко ниво се разгледуваат разни можности односно кои би биле последиците врз безбедносната состојба во Унијата по банкротот во Грција. Советот на ЕУ веќе дискутира за можностите за затворање на границите во случај на воведување на вондредна состојба во Грција. Сите држави во ЕУ се подготвуваат за оваа можност“, наведува весникот, повикувајќи се на добро информирани извори.

„Стандард“ уште потенцира, дека во случај на хаос во Грција поголеми износи на пари би можеле илегално да бидат однесени во странство и би можело да дојде до пораст на криминалот.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната