Меркел: Не се исклучени нови санкции кон Русија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Киев изјави дека не може да ја исклучи можноста, поради украинската криза, кон Русија ќе бидат воведени нови санкции.

Таа исто така апелираше и на билатерален прекин на огнот и поефикасна контрола на границата, што би придонело за завршување на конфликтот во источниот дел на Украина.

Меркел вети и продолжување на помошта за проевропските власти во Украина, додавајќи оти територијалниот интегритет на земјата е од пресудна важност.

– Значењето на мојата посета е во пораката дека германската Влада верува оти територијалниот интегритет на Украина е од пресудна важност, изјави Меркел по средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Тој истакна дека Киев нема да го жртвува својот суверенитет за мир.

– Дојде време за мир во Донбас. Заедно со нашите европски партнери и целиот свет се ќе направиме да дојде до мир, но не по цена на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина, посочи Порошенко.

Меркел повторно ја повика Москва да се ангажира за постигнување на мировен план со Владата во Киев.

– За планот да биде успеше потребно е да го применуваат двете страни. Мирот не можете сами да го постигнете. Се надевам дека преговорите со Русија ќе бидат успешни. Планот е на маса, а сега мора да уследи акција, истакна германската канцеларка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство