За убиството на старецот во Пепелиште осомничен 38-годишен соселанец

Од:

Триесет и осумгодишниот С.В. од село Пепелиште-Неготино е осомничен  за убиството на Вељо А. (86) од истото село во општина Неготино, кој беше пронајден мртов на селските гробишта.

Како што соопшти МВР, кривична пријава против С.В. поднесе денеска полициската станица Неготино во соработка со надлежното Обвинителство. Според наведеното во соопштението, убиството уследило по расправија поради неплатената услуга од страна на 86-годишниот Вељо. А.

– На 21 август од 12 до 13 часот пријавениот и сега починатиот Вељо А. (86) работеле заедно на засадување дрво на гробиштата во село Пепелиште. Откако Вељо не му платил на пријавениот за услугата, дошло до вербална расправија по што пријавениот земал метален ашов со дрвена рачка и го удрил сега починатиот неколу пати во пределот на телото и главата. Потоа, му го земал паричникот и одзел 1.000 денари по што заминал во непознат правец, се наведува во соопштението.

Пријавениот е изведен пред надлежен суд.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата