Општина Гевгелија, во соработка со бројните кафулиња, ресторани и дискотеки, вечер ја организира летната „Бела ноќ“ со забава што ќе трае до 4 часот наутро.
Градските власти велат дека повод за тоа е присуството на голем број гости од земјата и странство кои пристигнаа во Гевгелија да учествуваат и да ги следат содржините од мултимедијалниот арт фестивал „БОШ“, кој почна синоќа како значаен настан во рамки на манифестацијата Гевгелиско културно лето.
По завршувањето на вечерашниве културни настани, на повеќе локации во градот сите угостителски објекти ќе организираат забави со учество на познати македонски пејачи и диџеи.