ДОМ бара и жените да имаат право на избор за пензионирање до 67 години

Од:

ДОМ предлага прецизирање на Законот за работни односи, за да биде јасно дека и жените, доколку сакаат, имаат избор за пензионирање до 67 години, како и мажите.

– Од реакции во јавноста се гледа дека постои различно толкување на членот 5 од најновите измени на Законот за работни односи, каде стои: „Работникот со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години за маж, односно до 65 години за жена, доколку со закон поинаку не е утврдено.“ Токму последниот дел од реченицата „доколку со закон поинаку не е утврдено“, овозможува и жените да можат да работат до 67 години, зашто според Законот за еднакви можности на жените и мажите, не смее да има дискриминација по пол во ниедна сфера на живеењето, па ни во работните односи, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на ДОМ Маја Морачанин.

Според неа, тоа значи дека сите жени што сакаат да продолжат со работа до 67 години, може да поднесат барање до 31 август и работодавачот е должен тоа да им го одобри.

– ДОМ е убеден дека најновите измени на Законот за работни односи правилно ќе се практикуваат, а за да нема дилеми, овој член може да се даде и на автентично толкување во Собранието. Дополнително, членот 5 би можел да се прецизира и упрости со интервенција на пратеници, за што ќе извршиме консултации со претставници од другите партии, рече Морачанин. 

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака