Во Пепелиште, Неготинско пронајден убиен 86-годишен старец

Од:

На селските гробишта во селото Пепелиште, Неготинско, вчера е пронајдено телото на 86-годишниот Вељо А.  со траги на насилство во пределот на главата, информира СВР Велес.

– Мртвото тело на 86 годишниот Вељо А. од Пепелиште вчера било пронајдено на селките гробишта. Прво била повикана итната медицинска помош од Неготино, а докторот го пријавил случајот во полиција  откако првичните прегледи утврдиле траги на насилство во пределот на главата, соопшти Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

Увид на лице место извршија јавен обвинител и увидна екипа од полициска станица Неготино. Во врска со настанот, таа посочи дека едно лице се наоѓа во полициската станица во Неготино на распит.

Се превземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата