39-годишен струмичанец се фрлил од четвртиот кат од зграда на улица „Ценка Павлова“ во близина на Основното училиште „Никола Вапцаров“ утрово околу 7.00 часот.
Според првичните информации, се работи за лицето Мите А., за кој соседите велат дека го виделе синоќа околу 22.30 часот во зградата.
Неофицијално, според очевидците една од причините за самоубиството е смртта на неговиот татко, рано изутрина околу 03.00 часот. Од истото место соседите велат дека пред неколку години се самоубил 60-годишен маж.
Утрово околу 04.00 часот е пронајдено уште едно безживотно тело во близина на ресторан „2-ка“ до градската пошта.