Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел предупредија дека Русија предизвикува опасна ескалација на конфликтот во Украина поради военото присуство во земјата и гранатирањето.
Според двајцата лидери присуството на руските војници во Украина, распоредувањето сили на украинската граница и руското гранатирање на тероторијата на Украина, претставуваат сериозна ескалација на тензиите.
Белата куќа соопшти дека Обама и Меркел во телефонски разговор изразиле согласност дека уште еден доказ за провокациите од Москва е пристигнувањето на рускиот конвој во Украина без дозвола, оценувајќи дека тоа претставува кршење на украинскиот суверенитет.
Обама и Меркел истакнале дека Русија мора да го повлече конвојот од украинска територија.