Советот за безбедност на ОН денеска ќе се собере на вонредна седница заради навлегувањето на рускиот хуманитарен конвој во Украина без согласноста на Киев, што се оценува како инвазија, пренесоа француските медиуми.
Советот ќе се собере на барање на Литванија во 15 часот по локално време (19 часот по Гринич).
ЕУ се изјасни против навлегувањето на камионите на украинска територија, нарекувајќи ја постапката „повреда на границата меѓу двете земји“.