Европската унија како „јавна повреда на украинската граница“ го оцени навлегувањето на рускиот хуманитарен конвој, пренесоа француските медиуми.
Портпаролот на дипломатската служба на ЕУ, Себастиен Брабан, изрази жалење од одлуката на Русија нејзиниот конвој да влезе на украинска територија без да биде придружен од возила на Црвениот крст и без одобрение од украинските власти.
Портпаролот ја поздрави воздржаноста на украинските власти, кои Москва ја обвинија за „директна инвазија“.
– Ја повикуваме Русија повторно да ја разгледа својата одлука, изјави портпаролот на Кетрин Ештон.