(ВИДЕО) Дескоска: Пратениците на опозицијата се вклучуваат во реализацијата на новата Стратегија

Од:

„Пратениците на СДСМ и на здружената опозиција, избрани од граѓаните на Република Македонија, даваат силна поддршка и целосно се вклучуваат во активностите за реализација на Новата Стратегија за политичко делување.

Борбата за демократија и подобар живот на граѓаните ќе ја водиме надвор од Собранието.

Сакам да ве известам дека по повеќето состаноци што ги имавме на ниво на избрани пратеници, а и со раководството на СДСМ, завземавме конкретни ставови за нашите активности, што ги најавувам од овој момент.

Внимателно и до сега следиме какви закони носи власта на Груевски во отсуство на опозицијата, невидено и незапаметено за демократската пракса во светот. Иницијативи за менувања Устав, проблематични и неуставни законски решенија, без никаква дебата, поддржани од владеачкото мнозинство во Собранието, коешто дејствува како продолжена рака на Владата, а не како нејзин коректив.

Отсега, тој коректив ќе биде оваа пратеничка група. Ќе реагираме на секој недемократски и штетен проект за граѓаните. Со конкретни решенија ќе понудиме вистинска алтернатива на лошите законски проекти што ги носи контролираниот Парламентот. Ќе работиме многу интензивно. Свесни сме за контролираната медиумска блокада и за недемократските услови во коишто треба да функционираме

Затоа, нашата работа ќе биде меѓу граѓаните. Од човек до човек, од домаќинство до домаќинство.  На поединечни и групни средби со граѓаните, ќе ги објаснуваме решенијата и политиките за коишто се залага СДСМ“, изјави Рената Дескоска, пратеник и член на ИО на СДСМ.

„Ќе функционираме конкретно, како опозициска пратеничка група и ќе бидеме дел од партиските Комисии, за коишто говоревме вчера.

Водилка ќе ни биде социјалдемократската идеја: општество на сите и за сите, земја на еднакви шанси, солидарност и можности за достоинствен живот за секого и перспектива.

Ова ќе биде тежок, трнлив и макотрпен пат. Но ова е вистинскиот пат и сите ние овде сме убедени во тоа.

Ќе функционираме надвор од Парламентот. Но ќе ги исполниме сите очекувања, на граѓаните кои `не избраа, на нашите поддржувачи и симпатизери. Ќе им се доближиме и на неопределните граѓани, ќе им се обраќаме и на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои веќе се свесни каде ја водат земјата актуелните политики.

Ќе се консултираме со сите нив, ќе ги лоцираме проблемите на терен, на терен ќе работи и секој од нас, во изборната едница од којашто доаѓа.

Свесни сме дека од нас се очекува да ја вратиме демократијата во Македонија. Тоа ќе го правиме.

Тука сме, да ја оправдаме дадената доверба од оние кои во недемократскиот амбиент се одважија да дадат поддршка на оваа демократска опција за Македонија.

Нашата мотивација се граѓаните и Република Македонија.Не сте сами. Ќе работиме заедно за иднината на нашата земја“, додаде Дескоска.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа