Дали некогаш ви паднало на памет да го оставите детето на улица додека сте во шопинг или да избегнувате да го гледате во очи? Токму тоа се воспитните мерки во некои земји.
Вечното родителско прашање е дали постои некој принцип, кој е применлив во воспитувањето на сите деца и како најлесно може децата да бидат убаво воспитани, послушни, љубезни и одговорни.
Сепак има методи, кои на некои родители би им изгледале како екстремни, но во одредени општества се одржуваат со векови.
Следуваат неколку интересни начини на воспитување ширум светот:
Норвешка: Децата спијат надвор кога темпратурите се под нулата
Родителите од Норвешка издвојуваат големи суми пари за нивните деца да ги запишат во градинките (Барнехаге), каде времето го поминуваат од 8 изутрина до 17 часот, така што детството во оваа скандинавска земја се смета за мошне институционализирано. Сепак интересно е тоа што децата на возраст до три години поминуваат многу време надвор, така што не е необично да се види како бебе спие во количјка среде студените скандинавски зими.
Виетнам: Бебињата се учат да мократ на команда
Ова необично вежбање почнува таа што родителите ќе свирнат секој пат кога бебето ќе почне со уринирање, така што децата со тек време почнуваат да ја поврзуваат оваа физиолошка потреба со свиркањето. Во психологијата е познато како Павлов условен рефлекс, а во голема мера се применува и кај кучињата. Сепак ова се покажало како мошне ефикасно средство, со оглед на тоа што виетнамските бебиња носат пелени само девет месеци.
Кенија: Еден народ во Кенија избегнува да ги гледа бебињата во очи
Мајките од еден народ, кој живее во Кенија секаде со себе ги носат своите мали деца, но кога бебето ќе почне да гуга, тие го тргаат погледот од нив. Имено контактот со очи во оваа култура се смета за чин на предавање на моќта, односно испраќање на пораката „ти си главен“. Поради тоа, сметаат научниците, овие бебиња се значително посамостојни од западните.
Данска: Децата чекаат на тротоарите, додека родителите се во шопинг
Додека мајките и татковците шетаат низ трговските центри или ручаат во рестораните, нивните деца стојат на улица, бидејќи тоа, сметаат Данците е корисно за нивното здравје и за работата на срцето. Во Њујорк еден пар е уапсен, бидејќи своето дете го оставиле пред ресторан, а еден од родителите бил Данец. Тоа во Данска се смета за нормален дел од родителството.
Островите Полинезија – За децата се грижат деца
Откако полинезиските деца ќе проодат, тие стануваат грижа на група други деца. При тоа не станува збор за вообичениот пристап дека постарото дете го чува помладото додека мајката е во продавница, туку на пример претшколските деца постојано ги чуваат помалите и без проблеми можат да смират бебе. Благодарение на тоа, тригодишните деца се мошне самостојни и друштвени.
Шпанија и Аргентина: Децата си легнуваат подоцна
Во овие земји за важен се смета интерперсоналниот развој на децата, поради што тие не заминуваат на спиење во седум или осум часот навечер, туку по десет часот. Имено тие учествуваат во семејните вечерни акивности, што е приоритет.
Африканското племе Ака: Кандидати за најдобар татко на светот?
Во ова племе машките и женските улоги се менуваат, што во пракса значи дека додека жените ловат, мажите ги чуваат децата и обратно. Овие татковци ја преземаат улогата на мајки без двоумење и без губење на статусот на мажи во племето.