Аеродромот во Тел Авив функционира нормално и покрај заканите од Хамас

Од:

Сите дојдовни и појдовни летови на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив утрово се извршени според предвидениот редослед на летање, и покрај предупредувањето на военото крило на Хамас до меѓународните авиокомпании да не сообраќаат по шест часот наутро.

– Нема измени во редоследот на летање, ниту за авионите кои полетуваат, ниту за оние што слетуваат. Имаше само 10-минутно доцнење на летовите поради безбедносни причини, за кои не можам да откријам повеќе детали, изјави претставник на израелското цивилно воздухопловство.

Во меѓувреме, палестински претставници соопштија дека седум Палестинци, вклучувајќи четири деца, се убиени денеска при два нови израелски воздушни напади врз Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња