Поранешната бразилска министерка за човекова околина, Марина Силва и официјално стана кандидат на Социјалистичката партија,на изборите за претседател на Бразил,откако нејзината кандидатура беше и официјално потврдена од раководството на партијата.
Номинацијата на Силва доаѓа по трагичната смрт на лидерот на социјалистите, Едуардо Сантос кој пред две недели загина во авионска несреќа,во близина на Сао Паоло. Изборите се закажани за почетокот на октомври.Досегашните испитувања на јавното мислење покажуваат дека најголеми шанси за победа и се даваат на владеачата Работничка партија и на актулениот претседател Далма Русеф која учествува во трката за втор мандат.
Социјалистите со Сантос како претседателски кандидат од почетокот на кампањата се трето рангирана партија,но сега се верува дека со Силва,која неочекувано,се најде во центарот на изборната трка,шансите на партијата се зголемуваат.
Силва е левичарска политичарка,која во владата на Лула да Силва беше министер.Поднесе оставка во 2008 година,а во 2010 година ја напушти партијата и на тогашните претседателски избори беше кандидат на Зелената партија.
Во битката со Русеф,зад која застана Лула да Силва,некогашната министерка успеа да освои 19 милиони гласови и само поради тоа да предизвика одржување и на втор круг на изборите за нов претседател. За годинешниве избори,таа се пријави со својата нова партија,но не успеа да собере 500 илјади гласови,за да учествува самостојно во претседателската трка.
Поради тоа им се приклучи на социјалистите и стана потпретседателски кандидат на лидерот на партијата Сантос. Марина Силва потекнува од сиромашно семејство со 11 деца,родена во внтрешноста на Бразил,во Амазонија.
Израснала меѓу берачите на каучук,па како тинејџер водела кампања за бунтовниците на Чико Мендес кој поради своите револуционерни идеи беше убиен во 1988 година.
Политички аналитичари во Рио де Женеиро веруваат дека Силва наеднаш станува силен предизвик за актуелниот претседател,поради својата популарност меѓу работничките слоеви и кај сиромашните на чии гласови претендира и Далма Русеф.Во првите изјави,Марина Силва тврди дека е способна и подготвена да го преземе водството со Бразил.