Израелската авијација уби тројца команданти на Хамас

Од:

Тројца високи воени команданти на Хамас се убиени денеска во возудшниот напад на израелската авијација,врз куќа во Газа,потврди палестинската спасувачка служба.

Во нападот се убиени Мохамед Абу Шамала,Мохамед Бахрурн и Раед ал Атар.Тие се меѓу шестемина убиени во куќата што ја користела военото крило на исламистичката палестинска организација Хамас.

Во воздушен напад,вчера беа убиени и сопругата и едното дете на главниот командант на Хамас,Мохамед Даиф,додека тој остана неповреден во оваа операција. Тројцата убени команданти,според израелски извори,важат за воени стратези во војната на оваа милитантна организација,против Израел,особено значајни за изградбата и одржувањето на тунелите кои водат од Газа кон израелската територија.Преку еден од нив е киднапиран и израелскиот војник Гилад Шалит.

Непријателствата се обновија вчера откако припадниците на Хамас ланисираа неколку десетици ракети кон израелската територија.

Владата во Ерусалим веднаш ги прекина преговорите во Каиро,за обезбедување подолготраен прекин на огнот и ги обнови воздушните напади кон Газа,настојувајќи да ги најде и ликвидира воените команданти на Хамас.

Претставник на оваа организација ги предупреди авионските компании да не слетуваат повеќе на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив,затоа што Хамас се закани дека ќе го ракетира.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

Хамас, Хути и Хезболах му изразија сочувство на Иран: Ни беше голем брат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски