Од денеска студентите повторно во клупите – стартува академската година

Од:

За повеќе од 17 илјади студенти вво 400 различни студиски програми, на сите јавни и приватни високообразовни установи во Република Македонија почнува новата академска 2012/2013 година.

Добар старт ним ќе им посакаат Претседателот Ѓорге Иванов кои првиот академски час ќе го следи на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, министерот за образование и наука Панче Кралев пак ќе биде на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а неговиот заменик Сафет Незири на Државниот универзитет во Тетово. Почетокот на новата академска година на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше одбележан вчера на Богословскиот факултет, околу кој се крена голема прашина. Многу интелектуални го оспорија ваквиот почеток на академската година, поглаварот на МПЦ од синокќешниот молбеник со остри критки до сите кои го оспорија.

Партиципацијата за редовните студенти во државната квота на јавните универзитети е 200 евра годишно за запишување студенти во прва година, за редовните студенти со кофинансирање на студиите и вонредните студенти партиципацијата e 400 евра, a студиите на сите дисперзирани студиски програми за сите редовни студенти е 100 евра годишно.

На јавните универзитети денеска е и третиот уписен рок за прва година во 2012/2013.

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

Отстранет e „Чациленд“, на негово место ќе има „Божиќно село“

Горан Наумовски