Во Тетово приведено лице поради бесправна сеча

Од:

Тетовската полиција го приведе З.И. (39) од селото Седларево кој со две магариња пренесувал половина кубен метар бесправно пресечени букови дрва.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, З.И. бил затекнат во месноста „Пеленица“ во близина на Седларево каде на други три места во непосредна близина полицајците пронашле вкупно 56 метри буково огревно дрво подготвени за транспортирање. Кај него се пронајдени и одземени две секири.

– Пронајдените дрва во рамки на оперативаната акција „Гора“ се обезбедени. Денеска ќе се врши увид по што ќе бидат предадени на Јавното препријатие „Македонски шуми“, рече Јосифовски.

Против З.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он