Јахјага: Радикалниот ислам е еден од главните проблеми на Косово

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага денеска изјави дека „исламскиот радикализам“ е еден од главните проблеми во Косово и институциите треба да дејствуваат против поединците и групите кои претставуваат закана за безбедноста на Косово, соопшти белградскиот весник „Блиц“.

– За нас како општество е важно да се дистанцираме од криминалните и екстремистичките злосторства, кои немаат ништо заедничко со вредностите и идеалите врз кои ја градиме нашата држава, изјави Јахјага во интервју за програмата на албански јазик на Радио Слободна Европа.

Таа оцени дека станува збор за изолирана група лица кои се радикализирани и изманипулирани, за кои постојат основани сомненија дека биле дел од организации чија цел била изведување терористички и криминални злосторства во Косово и надвор од него.

– Станува збор за поединци кои се закана за нашата национална безбедност. Како државните институции, така и граѓаните ги осудуваат таквите активности и ориентација, изјави Јахјага.

Претседателката на Косово уште додаде дека треба да продолжи дијалогот со Србија со посредништво на ЕУ се додека не се решат сите взаемни прашања и овој процес треба да заврши со мировен договор, што ќе има тежина на закон.

– Го поддржав дијалогот како единствена можност двете земји да ги решат отворените прашања и тоа успеа да придонесе за нормализирање на односите, што е услов за членство во ЕУ, изјави Јахјага.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска