Бугарија ги запре работите за „Јужен тек“

Од:

Бугарскиот министер за економија и енергетика Васил Штонов наложи запирање на сите работи за „Јужен тек“, распишување тендер и потпишување договор, се додека проектот не ги исполни законските услови на Европската комисија, објави бугарското министерство.

Министерот за економија Васил Штонов упати писмо до Бугарскиопт енергетски холдинг во кое упатува забрана за склучување договори врзани со Јужен тек, а од нив побара и соработка со Европската комисија во процесот на услогласување со барањата на унијата.

Европската комисија на 3. јуни побара од Бугарија да го одложи почетокот на изградбата на гасоводот „Јужен тек“ на нејзина територија, поради кршење на прописите на ЕУ за енергетскиот пазар.

Меѓународниот гасовод „Јужен тек“, проектот кој го покрена руската компанија „Гаспром“ е вреден повеќе од 16 милијарди евра, а планирано е првата испорака на гас да биде кон крајот на 2015-та година.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски