Турција испрати хуманитарна помош во износ од 350.000 турски лири на Палестинците во Газа

Од:

Турција испрати хуманитарна помош во износ од 350.000 турски лири (121.000 евра) и за Палестинците во Појасот Газа.

Тоа е втората фаза од напорите на Турција за помагање на Палестинците во Газа, откако започна израелската офанзива, изјави синоќа Кјуршат Махмат, координатор за Палестина на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Тој додаде дека 12 камиони, натоварени со конзерви со храна и други стоки, ќе пристигнат денеска во Појасот Газа.

Во првата фаза од помошта на Турција беа доставени стоки со 20 камиони, рече Махмат.

Во исто време, во рамки на добротворната кампања за помош на жителите на Појасот Газа, иницирани во Турција од премиерот Реџеп Таип Ердоган, веќе се собрани 45 милиони турски лири (20,8 милиони евра).

Би можело да ве интересира

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ