„Форд“ создаде „Мустанг“ со волан на десната страна

Од:

Американската компанија „Форд“ првпaт во својата богата историја прoизведе „Мустанг“ со волан на десната страна.

Американскиот производител верува дека верзијата за пазарите на кои се вози по левата коловозна лента е клуч за успехот и за растот на продажбата на „Мустанг“ во светот иможност овој автомобил да стане глобален модел.

Иако „Форд Мустанг“ и порано се возеше во Велика Британија и Јапонија, во кои сообраќајот се одвива по левата страна од коловозот, моделите кои се нудеа на овие пазари имаа, како кај американската верзија, волан на левата страна.

Само мал број од овие автомобили дополнително беа модифицирани во земјите во кои се продаваа. Заради сето тоа, „Форд“ продаваше значително помалку возила отколку што тоа ќе беше случај воланот сериски да се наоѓаше на десната страна.

Актуелната, шеста генерација на „Мустанг“, првпат ќе има и верзија со „десен волан“.

„Форд“ планира продажба во 25 земји ширум светот во кои се вози по левата страна, вклучувајќи ги и Велика Британија, Австралија и Јужна Африка.

Првиот примерок со „десен волан“ ќе се користи за неопходните тестови, по што ќе почне сериското производство и претставувањето на одделни пазари.

Новиот „Форд Мустанг“ е првата генерација од овој модел што официјално ќе се продава и во Европа, но и ширум светот.

За неговиот успех надвор од матичниот пазар од големо значење ќе биде и изборот на моторот. Така во рамки на шестата генерација на овој модел „Форд“ понуди и верзија со 2.3-литарски EcoBoost мотор што треба да го засили интересот кај купувачите надвор од САД.

„Форд“ очекува воведувањето на новиот поекономичен мотор и верзиите со волан на десната страна да придонесат бројот на испорачани возила „Мустанг“ за купувачите надвор од САД значително да се зголеми во споредба со 2012 година, кога на прекуокеанските пазари беа продадени 4.000 автомобили.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ